3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку чини лимузината на Обама?

Колку чини лимузината на Обама?

obama kolata

Претседателскиот автомобил во кој се вози Барак Обама е еден од најбезбедните возила од ваков вид. Безбедност мора да има и своја цена, а во овој случај на овој „Cadillac“ чини 1,5 милиони долари (1,1 милиони евра), колку што чинат некои од најскапите супер спортски автомобили на денешницата.

Претставена во 2009-та година на почетокот на првиот мандат на Обама, претседателската лимузина популарно позната како „ѕверот“, беше направена во 12 примероци во одделот за истражување и развој на компанија „General Motors“ во Детроит. Во Тајната служба овој автомобил е опишан како „камионот што само изгледа како лимузина“.

„Ѕверот“ е огромен во секој поглед. Почнувајќи со масата од околу 7 тони, па потрошувачката која надминува 60 l/100 km и дебелината на заштитните панели и прозорци.

obama kolataa

Заштитата на вратата е со дебелина од 20, а на стаклената површина од 13 cm. Резервоарот за гориво има свој оклоп за да се спречи да биде пробиен во случај на напад врз возило.

На автомобилот е опремен со автоматски противпожарен заштитен систем, камера за „ноќно гледање“, која се наоѓа во предниот дел на лимузината и специјален механизам за заклучување со кој ќе се спречи влегување во возилото.

Кабината на овој „Cadillac“, кој се придвижува со V8 мотор, е заштитена и во случај на напад од страна на хемиско оружје, што значи дека е целосно отпорна на воздухот од надвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП