1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинескиот одговор на „ChatGPT“ достигна 200 милиони корисници

Кинескиот одговор на „ChatGPT“ достигна 200 милиони корисници

Кинескиот модел на вештачка интелигенција „ERNIE Bot“ на технолошкиот гигант „Baidu“ има повеќе од 200 милиони корисници, изјави извршниот директор на компанијата Робин Ли.

Во своето воведно обраќање на конференцијата „AI Create“ на „Baidu“ во кинескиот град Шенжен, тој одржа говор насловен „Сите се програмери“ и презентираше нови алатки кои им помагаат на корисниците најдобро да ги искористат можностите на вештачката интелигенција, пренесува „CNBC“.

Ли ги претстави алатките „AgentBuilder“, „AppBuilder“ и „ModelBuilder“ кои поврзуваат и интегрираат чат-ботови со вештачка интелигенција со веб-пребарувањето на „Baidu“.

Покрај тоа, корисниците можат да ги користат овие алатки за да креираат апликации и покрај тоа што не знаат да кодираат.

На крајот на февруари, компанијата „Baidu“ на својата веб-страница ги објави резултатите за четвртиот квартал од 2023-та година, од кои произлегува дека приходите во споменатиот период се зголемиле за шест отсто на годишно ниво на 34,95 милијарди кинески јуани, односно, на околу 4,55 милијарди евра. Извештајот за првиот квартал од 2024-та година ќе биде објавен на 16-ти мај.

На 16-ти март 2023-та година, „Baidu“ го претстави својот генеративен модел на вештачка интелигенција „ERNIE Bot“, кој е еден вид одговор на „ChatGPT“ на калифорниската компанија „Open AI“.

На веб-страницата на кинеската компанија се наведува дека „ERNIE Bot“ може да даде точни, логични и јасни одговори кои се блиски до одговорите кои би ги дал човечко суштество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП