1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Nissan Qashqai“ доби ново „лице“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Nissan Qashqai“ доби ново „лице“ (ФОТО/ВИДЕО)

Јапонскиот производител го претстави надградениот „Qashqai“, со делумно изменет надворешен дизајн.

Третата генерација на еден од најпопуларните компактни кросовери во Европа го доби својот прв редизајн.

Откако привлече повеќе од 350.000 клиенти на Стариот континент, „Qashqai 3“ е освежен за да биде во чекор со конкуренцијата во годините што доаѓаат.

Обновениот модел доби нов дизајн на предната маска, а од „Nissan“ велат дека изгледот на овој дел од возилото бил инспириран од металниот антички јапонски витешки оклоп.

Променети се и фаровите, со посебни дневни светла составени од пет дела и нов дизајн за стоп светлата.

Новите 18-инчни алуминиумски тркала сега се стандардни во опремата од средно ниво. Клиентите можат да изберат до две поголеми тркала, а достапни се три нови бои на каросеријата: „White Pearl“, „Black Pearl“ и „Deep Ocean“, што се менува во зависност од осветлувањето (меѓу темно сина и металик сино-зелена).

Понудата вклучува и верзија „N-Design“ со дополнителни ексклузивни детали. Праговите и лаковите на тркалата од оваа верзија се во боја на каросеријата, а пакетот на опрема го комплетираат нови 20-инчни алуминиумски тркала.

Промените се видливи и во внатрешноста. Таблата со инструменти, влошките на вратите, потпирачите за раце и капакот на централната конзола во пакувањата со повисока опрема се покриени со алкантара.

Најбогато опремените верзии имаат кожен тапацир и амбиентално осветлување во неколку нијанси.

Моторизацијата е иста како порано. Клиентите можат да изберат помеѓу два 1,3-литарски „благи“ хибриди со 140 ks и 160 ks и 1,5-литарски „E-Power“ полн хибрид со 190 ks, во кој моторот со внатрешно согорување се користи само за полнење на батеријата и не го придвижува тркала директно.

Интересно е што „Nissan“ сè уште не го нуди „Qashqai“ со чисто електричен погон или со „plug-in“ хибридна опција.

Цената и датумот на пристигнување во салоните ќе бидат објавени подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП