30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМакедонците ја менуваат Хрватска со Словенија - платите достигнуваат и до 3.000...

Македонците ја менуваат Хрватска со Словенија – платите достигнуваат и до 3.000 евра!

Со последните измени на Законот за вработување странци, Македонците сега имаат поголема можност за сезонска работа во Словенија, со плати кои достигнуваат и до 3.000 евра.

Овие законски измени овозможуваат работа не само во традиционалните сектори како земјоделството и градежништвото, туку и во туризмот и угостителството.

Додека претходно многу Македонци се насочуваа кон Хрватска, каде што за оваа година се издадени над 13.000 дозволи за работа, сега Словенија станува сè поатрактивна опција.

Платите во Словенија значително ги надминуваат оние во Македонија, со просечни износи од 2.000 до 3.000 евра, што е значаен стимул за македонските работници.

Агенциите за посредување при вработување истакнуваат дека голем број млади лица кои заминуваат во Словенија за студии, избираат да останат таму поради подобрите услови за работа и живот.

Исто така, оние кои добиваат работни дозволи со важност од една година често ги продолжуваат, бидејќи законот дозволува таква можност.

Оваа трендовска промена во миграцијата на работната сила предизвикува дебата за долгорочните ефекти врз македонската економија и демографија, со предупредувања дека земјата може да се соочи со нов бран иселување на младите и квалификуваните кадри.

Се очекува во наредниов период да има нов бран на заминување на македонски работници во Словенија.

Една од поволностите со новите законски измени е што Словенија ќе им дозволи на странците да се вработат врз основа на дозволата за привремен престој.

Во последниве две години, во Словенија се иселиле над 100.000 лица, од кои 90 отсто се од земјите на поранешна Југославија.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП