25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите продукти на Nokia

Новите продукти на Nokia

nokia prezenttt

„Nokia“ ја прошири својата палета на производи со неколку нови смартфони. Три од нив се од серијата „Asha“, а  се разбира има и ново пополнение во палетата „Lumia“. Деби имаше и „Windows RT“ таблетот „Lumia 2520“.

Новиот „Lumia 1520“ го доби најголемиот дел од вниманието на компанијата, затоа што уредот алудира и на нејзината нова насока – дигиталната фотографија и софтверски услуги поврзани со неа. „Lumia 1520“ ќе ги искористи сите познати технологии на системот „PureView“, кој е додаден на 20 – мегапикселната камера. Тие се обединети во апликацијата „Nokia Camera“, која ги интегрира различните можности и начини на работа. Според „Nokia“ апликацијата ќе биде од корист, како за почетниците, така и за понапредните корисници, кои сакаат да пристапат максимално до уредот.

Смартфонот има 4 јадрен „Snapdragon 800“  процесор и ќе се нуди во верзија со до 32GB внатрешна меморија и слот за „microSD“ картички. Шестинчниот екран е со „Full HD“ резолуција. Оперативниот систем е „Windows Phone 8“ со последната обнова за него, како и сите софтверски развои на „Nokia“. Софтверскиот пакет е соединет со името „Lumia Black“ и од следната година ќе се нуди за сите „Windows Phone 8“ телефони на компанијата.

nokia prezentt

„Nokia“ го претстави и новиот смартфон „Lumia 1320“. Неговите спецификации личат на оние на „Lumia 1520“, но е со 5 MP камера и „dual-core“ процесор. Резолуцијата на 6 -инчниот екран е „HD“ 720p, а уредот е наменет за просечните купувачи. Тој ќе се нуди по цена од околу 339 долари и се очекува на пазарот да се појави следната година.

По него „Nokia“ го претстави и својот прв таблет – „Lumia 2520“. Тој е со 10.1-инчен „Full HD“ дисплеј и оперативен систем „Windows RT“.

„Најчесто таблетот се користи дома. Со нашиот таблет сакаме да промениме тоа и да го направиме мобилен и поврзан“, изјави извршниот директор на компанијата Стефан Eлоп.

„Lumia 2520“ ќе чини 449 долари, а како прво ќе биде достапен во САД, Велика Британија и Финска, каде ќе пристигне уште оваа есен. Набргу потоа, уредот ќе се појави и на други пазари во светот.

Таблетот е оптимизиран за работа на отворено, тврдат од „Nokia“. Неговиот екран е со висока осветленост, а екранот е заштитен од „Gorilla Glass II“. Уредот ќе биде достапен во различни модификации со „WiFi“ и / или „LTE“.

Тој ќе ги нуди „Microsoft Office“ и „Outlook“ бесплатно, како и серија на сопствените апликации и услуги на „Nokia“. Меѓу нив се „Nokia Camera“, која ќе го подобри квалитетот на сликите со 6,7 MP камера на задната страна на таблетот и 2 МР на предниот панел. На располагање ќе биде и „Nokia HERE“ со бесплатна навигација низ целиот свет.

Таблетот е опремен со 8000mAh батерија, а таа треба да обезбеди околу 11 часа работа со едно полнење. Ако не се доволни, корисникот може да купи и „Nokia Power Keyboard“ додаток за „Lumia 2520“. За 150 долари таа дава тенка тастатура со „touchpad“, два „USB“ порта, футрола со кикстенд и вградена дополнителна батерија која обезбедува уште 5 часа работа.

„Lumia 2520“ го користи процесорот „Qualcomm Snapdragon 800“, а таблетот располага и со режим за брзо полнење, кој ќе овозможува полнење до 80 проценти за 1 час или за 40 минути до 50 проценти.

nokia prezent

Деби имаа и три уреди од серијата „Asha“ . „Asha“ 500, 502 и 503 кои се насочени кон класата со најниска цена. Нивните цени ќе почнат односно од  69 долари, 89 долари и 99 долари. Тие располагаат со релативно скромни спецификации. Првиот модел има 2 MP камера, додека другите два ќе нудат 5 MP. Само Asha „503“ ќе поддржува 3G, додека другите два модели се само „GSM“ компатибилни. Тие ќе се нудат и во модификации со две „SIM“ картички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП