2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСите го чекаат следниот потег на Израел: Дали ќе дозволи нападот на...

Сите го чекаат следниот потег на Израел: Дали ќе дозволи нападот на Иран да помине неказнето?

Откако Иран лансираше ракети кон Израел во саботата навечер, многу аналитичари стравуваа од ескалација на Блискиот Исток.

Нападот беше неутрализиран и Железниот штит успеа да пресретне поголем дел од проектилите.

Постои шанса Иран да планира повеќе напади како одговор на нападот врз нивниот конзулат во Дамаск.

Исто така, Иран би можел да ги искористи своите сојузници и наместо сопствената земја, да започне напад врз Израел од Либан или Јордан.

Од друга страна, иако Израел се уште не реагирал, сепак постои голем ризик овој конфликт да прерасне во војна од поголеми размери.

Израелците со години се свесни за заканата што ја претставува Иран.

Иран, заедно со земјите од регионот, се спротивставија на самото постоење на Израел, а тие исто така го поддржаа и финансираа вооружувањето и обуката на Хезболах, Хамас и Хутите.

Голем притисок сега е и врз сојузниците на Израел, кои се обидуваат да спречат понатамошна ескалација.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да покаже воздржаност за време на нивниот телефонски разговор.

Останатите сојузници, меѓу кои се издвојува Обединетото Кралство, ќе го сторат истото во разговорите со израелските и иранските власти.

Од нападот на конзулатот, западните дипломати им порачуваат на Израелците дека што и да прави Иран, да не реагираат претерани и дека ќе го чуваат грбот.

Сега ситуацијата е иста. Ќе се обидат да му нанесат санкции на Иран и да спречат понатамошен воен конфликт меѓу двете земји кои долго време се во лоши односи.

Кој ќе биде одговорот?

Сепак, многумина се прашуваат дали тоа ќе биде доволно за Израел? Може ли таа земја да дозволи овој напад да помине неказнето?

Ако погледнеме во минатото, шансите за такво нешто се многу мали. Израел никогаш не си дозволил да се потпира на други земји за својата внатрешна безбедност.

Израел има воена способност да му нанесе сериозен удар на Иран.

Факт е дека иранската противвоздушна одбрана не одговара на израелските авиони и оружје.

Од друга страна, властите во Иран ветија дека ќе возвратат уште пожестоко доколку Израел ги нападне.

Сепак, аналитичарите сметаат дека без оглед на дипломатскиот притисок од сојузниците да покажат воздржаност, Израел нема да дозволи Иран да го има последниот збор во овој конфликт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП