6 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„ChatGPT“ доби надградба: „OpenAI“ вели дека е подобар во овие клучни области

„ChatGPT“ доби надградба: „OpenAI“ вели дека е подобар во овие клучни области

„OpenAI“ објави дека нивниот најнов модел со вештачка интелигенција, „GPT-4 Turbo“, сега е достапен за корисниците на платените верзии на „ChatGPT“. Ажурирањето, кое првпат беше објавено во ноември минатата година, претходно беше достапно само за програмерите, но сега ќе можат да го користат и платените корисници.

„GPT-4 Turbo“ има подобрувања во пишувањето, математиката, расудувањето и програмирањето. „OpenAI“ посочува дека корисниците ќе доживеат „подиректни и помалку опширни“ одговори, како и „поприроден јазик за разговор“. Овие карактеристики го прават новиот модел значително поефикасен од неговите претходници.

На пример, како одговор на барањето за потсетник за роденденска вечера, претходниот модел формулираше подолг и покомплексен текст, додека одговорот генериран од „GPT-4 Turbo“ беше концизен и прецизен.

Табела што ја прикажува прогресијата на клучните перформанси од претходната верзија на „GPT-4 Turbo“ до сегашниот модел, особено нагласувајќи ги подобрувањата во математиката и „GPQA“. Овој тест, кој се користи за оценување на знаењата од биологијата, физиката и хемијата, покажува значително подобрување во можностите на новиот модел.

Дополнително на овие технички подобрувања, „ChatGPT“ сега има понов датум за исклучување на знаењето за интернет, од претходниот април 2023-та година до декември 2023-та година. Ова ќе овозможи генерирање на поактуелни одговори кои се во согласност со најновите случувања и податоци.

Иако „OpenAI“ наведува дека „GPT-4 Turbo“ е достапен во „ChatGPT“, се чини дека објавувањето на новата верзија е постепено, што покажува дека корисниците ќе мора да почекаат малку додека не стане широко достапна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП