4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИран лансираше беспилотни летала и ракети кон Израел

Иран лансираше беспилотни летала и ракети кон Израел

Иран лансираше беспилотни летала и ракети кон Израел, објави Иранската револуционерна гарда.

Во соопштението цитирано од државните медиуми, огранок на иранските вооружени сили соопшти дека целел на одредени локации во Израел со десетици беспилотни летала и проектили.

Израелските медиуми објавија дека беспилотните летала би можеле да почнат да пристигнуваат околу 2 часот по полноќ по локално време (1 часот по полноќ по наше време), но проектилите би можеле да пристигнат и порано.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи објави видео на Твитер во кое ветува дека злонамерниот ционистички режим на Израел ќе биде казнет.

„Овој злонамерен режим додаде уште една грешка на своите грешки со нападот на иранскиот конзулат во Сирија. Конзулатите и амбасадите во која било земја каде што постојат се сметаат за почва на земјата на која и припаѓа амбасадата. Нападот на нашиот конзулат е како напад на нашата почва. Злонамерниот режим направи погрешен потег во овој случај, и ќе биде казнет.

Јордан прогласи вонредна состојба откако Иран лансираше десетици беспилотни летала и проектили кон Израел.

Претходно Јордан објави дека го затвора својот воздушен простор поради закана од ирански напад.

Два регионални безбедносни извори рекоа дека воздушната одбрана на земјата е исто така подготвена да го пресретне секое иранско беспилотно летало или авион што ќе влезе во јорданскиот воздушен простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП