2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПредупредување за корисниците на „iPhone“ во 92 земји: „Вие сте потенцијална мета“

Предупредување за корисниците на „iPhone“ во 92 земји: „Вие сте потенцијална мета“

„Apple“ испрати предупредувачка порака до корисниците во 92 земји, што укажува дека тие би можеле да бидат цел на напад на шпионски софтвер.

Компанијата соопшти дека испратила известувања до индивидуални клиенти во 92 држави во средата. Известувањето не дава информации за идентитетот на напаѓачите, ниту во кои земји корисниците ги добивале известувањата.

„Компанијата откри дека сте потенцијална цел на напад на шпионски софтвер, кој се обидува од далечина да го компромитира „iPhone“ поврзан со вашиот „Apple ID -xxx-“, стои во пораката што „Apple“ ја испрати до корисниците.

Пораката исто така посочува дека нападот цели кон одреден корисник најверојатно поради тоа кои се и што прават. „Apple“ исто така предупредува сериозно да ги сфатите овие закани и предупредувања, пишува „TechCrunch“.

„Apple“ испраќа вакви пораки и известувања до корисниците повеќе пати во текот на годината и ги предупредува корисниците за овие закани во повеќе од 150 земји од 2021-ва година, според страницата за поддршка на компанијата.

Компанијата вели дека се потпира исклучиво на внатрешни информации и истражување за закани кога станува збор за овие напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП