2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во внатрешноста на новата Mercedes C класа

Погледнете во внатрешноста на новата Mercedes C класа

cklasanova

„Mercedes“ ни ги откри деталите од новата „C“ класа. Овој пат имаме можност да ѕирнеме во кабината и да се запознаеме со ентериерот и индивидуалните системи во автомобилот.

Првите фотографии на внатрешноста потврдуваат дека „Mercedes“ го следи дизајнерскиот тренд на најновите генерации на автомобили на овој производител.

cklasanovaa

Инструмент таблата, положбата на екранот на мултимедијалниот систем, кружниот облик на петте отвори за вентилација, изгледот на управувачот и другите елементи, многу потсетуваат на ентериерот на моделот „CLA“. Сепак се делува, луксузно и префинето.

„Mercedes“ на купувачите како стандарден ќе им понуди 7 инчен екран за мултимедијалниот уред, а додека како опција може да се добие екран од 8.4 инчи. Двете варијанти имаат облик на таблет уред кој е сместен на врвот од централната конзола.

cklasanovaaa

Покрај тоа, дополнителната опција ги опфаќа, „head-up“ дисплејот кој проектира информации важни за возењето на шофершајбната пред возачот, како и „touch-pad“ контролите кои се наоѓаат на централната конзола помеѓу возачот и сувозачот и со чија помош се управуваат функциите на мултимедијалниот систем.

Благодарејќи на податоците кои ги добива преку „GPS“, клима уредот има опција автоматски да се исклучува при внесувањето на надворешниот воздух пред возилото да влезе во тунел. На тој начин ќе го спречи влегувањето на издувните гасови во кабината.

cklasanovaaaa

Во зависност од изборот на моторот, купувачите ќе можат да нарачаат „Airmatic“ и да изберат еден од четирите нивоа на подесување: „Comfort“, „ECO“, „Sport“ и „Sport Plus“.

Системот овозможува и автоматско подесување на висината на возилото. При големи брзини на автопатот, автомобилиот ќе се симне надолу, се со цел да се подобри аеродинамиката и да се намали потрошувачката.

cklasanovaaaaa

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП