4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИЗРАЕЛ ОЧЕКУВА НАПАД ВО СЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА? Иран ќе се одмаздува

ИЗРАЕЛ ОЧЕКУВА НАПАД ВО СЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА? Иран ќе се одмаздува

Израел очекува директен напад од Иран врз јужниот или северниот дел на земјата во следните 24 до 48 часа, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на добро информиран извор.

Американскиот весник, повикувајќи се на извор кој наводно има контакти во иранското раководство, тврди дека се уште не е донесена конечна одлука за нападот, но дека планот се разгледува.

Волстрит журнал, исто така, известува дека американски функционер запознаен со ситуацијата рекол дека американските разузнавачки извештаи укажуваат на ирански напад во рок од неколку дена, веројатно на израелска територија.

-Плановите за напад се пред врховниот лидер и тој се уште го мери политичкиот ризик – изјави советникот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи.

Техеран вети дека ќе му се одмазди на Израел за воздушниот напад врз иранскиот дипломатски комплекс во сирискиот главен град Дамаск. Во воздушниот напад загинаа седум членови на Корпусот на гардата на Исламската револуција. Меѓу нив имало и двајца врховни команданти.

Високи американски функционери минатата недела посочија дека иранската одмазда против израелските или американските средства на Блискиот исток се очекува и се верува дека е неизбежна.

– Американското разузнавање, сепак, сега укажува дека Иран е фокусиран на возвраќање на израелска територија, а не на американските или израелските интереси на друго место на Блискиот Исток – пишува Волстрит журнал.

Амбасадата на САД во Израел во четвртокот ги предупреди вработените и членовите на нивните семејства да не патуваат надвор од централните делови на земјата.

-Поради големата претпазливост, на вработените во американската влада и на членовите на нивните семејства им е забрането лично патување надвор од големите Тел Авив, Ерусалим и Бершева – соопштија од амбасадата.

Пентагон потврди дека генералот Мајкл Ерик Курила, командант на Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, во четвртокот бил во Израел.

Секретарот за одбрана Лојд Остин разговараше и со својот израелски колега Јоав Галант.

-Секретарот Остин го увери министерот Галант дека Израел може да смета на целосната поддршка од САД во одбраната на Израел од иранските напади, на кои Техеран јавно се закани – се вели во соопштението на Пентагон.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел ќе му наштети на секој што ќе изврши напади врз еврејската држава.

– Ако некој направи штета, ние ќе му наштетиме, подготвени сме да ги исполниме сите безбедносни потреби, и одбранбено и офанзивно – рече Нетанјаху за време на говорот во воздухопловната база на југот на Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП