2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПУТИН ПОРАЧА: Москва беше принудена да одговори на украинските напади

ПУТИН ПОРАЧА: Москва беше принудена да одговори на украинските напади

Москва беше принудена да одговори на украинските напади врз руските енергетски капацитети, но се воздржа од такви напади во текот на зимскиот период, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

-За жал, во последно време видовме серија напади врз нашите енергетски капацитети и бевме принудени да одговориме. Од хуманитарни причини не извршивме никакви напади во зима, имајќи предвид дека не сакавме да ги оставиме социјалните институции, болниците и слично без струја, но по нападот на нашите енергетски објекти бевме принудени да одговориме, објасни тој.

Руските противници се вратија во ќош кога се откажаа од преговорите, надевајќи се дека ќе ја поразат на бојното поле, рече Путин.

-Мислам дека тие, во секој случај, спротивната страна донекаде се вратија назад во ќош кога се откажаа од преговорите со надеж дека ќе ја поразат Русија на бојното поле, нанесувајќи и стратешки пораз. Сега сфаќаат дека тоа е невозможно, посочи Путин.

Зборувајќи за нападите врз украинските енергетски објекти, Путин рече дека тоа е демилитаризација и директно влијание врз воено-индустрискиот комплекс на Украина.

-Но, уште еднаш повторувам, ако се се сведе на решавање на оние прашања за кои зборуваме од почеток, а нападите врз енергетскиот сектор се поврзани и со решавање на една од задачите што си ги поставивме, а тоа е демилитаризацијата, пред се, тргнуваме од тоа дека на овој начин влијаеме на одбранбената индустрија, на воено-индустрискиот комплекс на Украина и тоа директно, нагласи претседателот на Русија.

Во исто време, тој додаде дека „доколку навистина преминеме на некои дискусии за решавање на сите прашања со други средства, се разбира, како што веќе многупати кажав за тоа прашање, ние сме подготвени за тоа“.

Тој исто така нагласи дека Русија никогаш не отфрлила мирно решение на спорот со Украина, згора на тоа, била склона да го стори токму тоа.

Путин потсети дека Украина под притисок на Западот се откажа од долго подготвените договори и „ги фрли во ѓубре“.

-Го започнавме во два града, потоа преговарачкиот тим се пресели во Турција, во Истанбул, таму практично ја завршивме оваа голема работа, го парафиравме овој документ од двете страни. Потоа, под притисок на Западот, украинската страна се откажа од овие договори, рече рускиот лидер.

-Да потсетам дека тогаш ни беше кажано дека документот не смее да се потпише – Украина не може да потпише со „пиштол вперен во глава“, мора да ги повлечеме војниците од Киев, тоа го направивме. Веднаш откако го направивме, нашите договори беа фрлени во ѓубре, истакна Путин.

Зборувајќи за претстојната мировна конференција за Украина во Швајцарија, Путин изјави дека Русија не е поканета на тој настан, а во исто време велат дека тоа е невозможно без неа.

-Сега, како што знаете, се промовира идејата да се одржи некаква конференција во Швајцарија. Не не викаат таму. Згора на тоа, тие мислат дека нема што да правиме таму. Истовремено велат дека ништо не може да се реши без нас. А бидејќи не одиме таму, тоа е веќе луда куќа, рече рускиот лидер.

Путин додаде дека Москва е против наметнување шеми за украинското решение кои немаат врска со реалноста.

– Уште еднаш сакам да истакнам дека сме за (преговори за мирно решение), но не во формат да ни се наметнуваат какви било шеми кои немаат врска со реалноста, рече рускиот лидер, коментирајќи ја иницијативата на Швајцарија за да одржи самит за Украина без Русија.

Путин е сигурен дека Украина веќе сфатила дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле.

-Се откажаа од преговорите. Сега се најдоа во прилично тешка ситуација, изјави рускиот лидер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП