Се подготвува нов вид вакцина – против наркоманијата. Како функционира и дали може да ги излечи и зависниците од тутун или алкохол?
Имено, оваа вакцина се развива во Америка и Бразил. Според експертите, по вакцинацијата, се произведуваат антитела во крвта и насочено се врзуваат за кокаинот. Се создаваат формации кои поради нивната големина не можат да поминат низ крвно-мозочната бариера. Со тоа се спречува стимулацијата на мозокот, а со тоа и чувствата кои ги носи консумацијата на кокаин.

