2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСè помалку вредни луѓе на нивите, сè помалку здрава храна во фрижидерите

Сè помалку вредни луѓе на нивите, сè помалку здрава храна во фрижидерите

Домашното производство на храна во земјата се соочува со сериозен предизвик.

Во текот на последните месеци, бројот на работници достигна критична точка, а причината е едноставна: нема кој да работи.

Според економските анализи, намалениот број на работници има директно влијание врз производството на домашни производи.

Производствените линии се забавени, а компаниите се принудени да се справуваат со недостаток на квалификуван кадар.

„Владата и бизнис секторот треба да преземат активни мерки за решавање на оваа криза. Обука и образование на нови работници, стимулативни мерки за започнување на работа, како и подобрување на условите за работа се само дел од можните решенија. Искрено се надевам дека оваа криза ќе биде привремена и дека ќе се најдат начини да се поддржи домашното производство и да се обезбеди стабилна работна сила“, коментираат економистите.

Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира 514.375 хектари обработлива површина што е намалување за 0,5% во однос на 2022 година.

Под овоштарници површините се намалени за 2,5%, а кај лозјата за 4,6%.

И во однос на засеаните површини под растителни култури е забележано намалување и тоа кај сите почнувајќи од житата, индустриски и фуражни култури, како и кај градинарски култури.

Освен што е забележано намалување на површините под овошни култури и полјоделски култури, има намалување и на производството. Па така, кај јаболката намалувањето е за 51,2%, кај крушите за 41,2%, кај сливите за 46,1% и кај праските за 50%.

Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5%, кај доматите за 23%, кај краставиците за 34,3% и кај пченката за 31,7%, а кај тутунот е забележано намалување на производството од 8,7%. Единствено зголемување на производството има кај оризот од 5,4% и кај пиперките од 4,1%.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП