2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНа Македонија ѝ се заканува нова тужба – во прашање е отштета...

На Македонија ѝ се заканува нова тужба – во прашање е отштета од милијарда евра

Освен постоечките пет арбитражни постапки кои се водат против државата во надлежните судови ширум светот, против Македонија сега се заканува и нова шеста тужба од над една милијарда евра.

Станува збор за инвеститорот во рудникот за бакар во „Иловица“, односно компанијата „Еуромакс ресоурсес“,

Инвеститорот веќе информираше дека правната основа за евентуално покренување спор пред меѓународните судови е билатералната спогодба за заштита на инвестиции помеѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996 година.

Оттаму појаснија дека нивниот мнозински акционер е Групацијата Трафигура, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба.

Компанијата покрена тужба пред овој суд откако Владата реши да ја повлече одлуката за спојување на концесиите за рудникот, а тоа го стори и покрај позитивното мислење од Министерството за економија и судските пресуди во корист на инвеститорот.

Дел од експертите претходно алармираа за правниот основ за поништувањето на една ваква одлука и предупредија дека евентуалната арбитража може скапо да ја чини државата.

Инаку, освен што веќе се ризикува зголемување на државниот долг, со одолговлекувањето на проектот за рудникот за бакар во Иловица, но и со неизвесниот исход од целиот процес, државата веќе загуби сериозен прилив во буџетот.

Неколку стотици милиони евра приходи не се слеани во Буџетот само по основ на ненаплатени надоместоци за концесијата и по основ на даноци кои инвеститорот ќе имаше обврска да ги исплати ако започнеше изградбата на рудникот.

Според пресметките, ако државата ги загуби споровите пред странските судови, секој македонски државјанин ќе биде задолжен за скоро 2.000 евра.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП