3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМВР приведе тројца градежни работници за пожарот во Универзална сала

МВР приведе тројца градежни работници за пожарот во Универзална сала

Тројца градежни работници се приведени за пожарот во Универзалната сала во Скопје.

Како што информираа од МВР, тројцата во моментот изведувале работни зачачи, а се работи за Б. Р. (50), З. Т. (60) и Б. И. (53).

Од МВР дополнително објавија дека со возило на Итната медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица – Е. С. (48) и А. Т. (41) поради вдишување чад.

Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата било прекинато снабдувањето на електричната енергија, при што на улицата Петар Поп Арсов во лифтовите на зградите имало заглавени две жени, кои биле извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

-Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара инсталација, изјави Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“ – Скопје, фирмата изведувач што го реконструира објектот.

Тој рече дека во моментот на пожарот внатре немало инженери и работници бидејки денеска немале градежни активности.

„Само еден инженер беше надвор од салата, во нејзините канцеларии, и имавме чувари, двајца работници. Во прв момент, претпоставуваме, дали стар кабел, не можеме да знаеме сега. Некоја стара инсталација, тргнал чадот, никој немало во салата. Моите мајстори се обиделе со противпожарен апарат да го изгаснат, тоа се иверки стари со години, суви и бргу горат“, рече Арсовски.

Тој се надева дека за новата конструкција ќе нема проблеми и рече дека без разлика кои се на власт – политички партии, градоначалници – оваа сала што побргу треба да се направи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП