1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ повторно на тронот: „Apple“ повеќе не е водечки производител на телефони

„Samsung“ повторно на тронот: „Apple“ повеќе не е водечки производител на телефони

„Samsung Electronics“ ја врати водечката позиција во глобалната продажба на паметни телефони само пет месеци откако му ја отстапи на „Apple“.

За потсетување, „Apple“ го зазеде глобалното прво место во продажбата на паметни телефони во септември 2023-та година, а последователната анализа на целата година ја потврди нејзината позиција.

Сепак, според „Korea Times“, „Samsung“ сега го вратил тронот. Врз основа на податоците за февруари 2024-та година, публикацијата известува дека „Samsung“ постигнал удел од 20% од глобалниот пазар.

Во истиот месец, „Apple“ зазеде 18% од пазарот. „Apple“ продаде 17,41 милиони „iPhone“ уреди, додека „Samsung“ продаде 19,69 милиони смартфони.

Но, како што е наведено од „Apple Insider“, ниту „Samsung“ ниту „Apple“ всушност не можат да се пофалат дека се број еден, барем не предолго, имајќи предвид дека таа позиција често се менува. Овие промени најмногу се поврзуваат со лансирањето на нови уреди, кои, логично, поттикнуваат скокови во продажбата.

Заземањето на „Apple“ на првото место се должи на „iPhone 15“, а потоа дојде серијата „Galaxy S24 на Samsung“.

Така, првото место на „Apple“ во септември 2023-та година се должи на лансирањето на серијата „iPhone 15“, а „Samsung“ победи во февруари поради лансирањето на најновата серија „Galaxy S24“. „Korea Times“ објави дека „Samsung“ досега има продадено 6,53 милиони телефони „Galaxy S24“ на глобално ниво.

Сепак, преземањето на првата позиција од страна на „Apple“ во текот на 2023-та година може да биде позначајно. Имено, „Samsung“ во текот на целата година најчесто има предност пред „Apple“ бидејќи продава многу повеќе различни модели на смартфони по различни нивоа на цени.

Но, генерално, продажбата на паметни телефони опаѓа ширум светот, особено во Кина. „Apple“ се уште беше на врвот на топ листите во Јапонија според најновите податоци од март оваа година, но и тој пазар се намали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП