3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАБелиот мантил гласно рече – ДОСТА Е!

Белиот мантил гласно рече – ДОСТА Е!

Лекарите и синдикалните организации од здравството здружени како никогаш до сега во еден глас рекоа дека повеќе нема да молчат. Докторите протестот го започнаа пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија и пред Министерството за здравство. Најголемиот револт на здравствените работници е дека нема усогласување на платите согласно Законот за минимална плата. Големо незадоволство има и поради непотпишувањето на анексот на Колективниот договор, и овој протест е еден вид на апел тоа веднаш да го стори новата влада.

Синдикалци од Сојузот на синдикати, Самостојниот синдикат, Независниот синдикат на здравствени работници, сите денеска ги изразија револтот преку проесет за состојбите на македонското здравство. Протестот е под мотото „Здравството на протест за плата“,

„Го искажеме нашето незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор и да укажеме на неминовноста, односно неопходноста од неговото потпишување веднаш по формирањето на новата влада.“, велат од ССМ.

Синдикалците велат дека доста властите си играа со чувствата на вработените во здравството, додаваат дека уште еднаш нема да дозволат да бидат изманипулирани. Докторите бараат правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата.

„Горди сме што успеавме како млад синдикат да ги разбудиме репрезентативните синдикати за здравство од деценискиот сон. Горди сме што и репрезентативните синдикати го бараат тоа што ние веќе баравме, горди сме што нашите укажувања за колапсот и хаосот во здравствениот сектор стануваат реални и видливи. Само напред. Вработените во здравствениот сектор треба да имаат достоинствен живот. Доста е мартганизилацијата, и дискриминација“, велат од независниот синдикат на здравство.

Здравствениот сектор во Македонија се финансира од три столба, првиот ФЗОМ кој се финансира од своите осигуреници. Придонесот од личен доход кој изнесува 7,5% и е најмал во Европа, од кои 63.7% плаќаат, а другите 37% се нивни сопруги, деца до 18 години и деца до 2 години кои ги користат истите бенефити како и овие што плаќаат. Потоа вториот, Министерство за здравство има свој буџет, а него го трошат за примарна и куритативна здраствена заштита, инфраструктура во ЈЗУ, обнова на опрема, итн . Третиот столб е приватно плаќање и партиципација 20% кој е 5,7% во вкупниот буџет.

Платите во здравство се финансираат од допринос од ФЗОМ. Затоа докторите велат дека треба да се направи Национална здравствена стратегија која ќе биде долгорочна. Ваква долгорочна здравствена национална стратегија прават скоро сите европски и балкански држави.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП