2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ЕУ најскромно живеат Бугарите и Грците

Во ЕУ најскромно живеат Бугарите и Грците

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно ја надминаа тешката економска и социјална криза, а светските рејтинг агенции ги ослободија грчките државни обврзници од ознаката „лоши“ инвестиции, а Грција втора година забележа економски раст од над два отсто, иако грчкото население и понатаму живее слабо, покажуваат официјалните статистички податоци на Евростат.

Само Бугарите живеат поскромно од Грците во ЕУ, бидејќи нивната куповна моќ едвај достигнува 60 отсто од просекот на Европската унија, а според најновите наоди на Заводот за статистика на ЕУ, куповната моќ и бруто-производот по жител во западниот Балканот е уште послаб – само некаде околу 50 отсто од просекот на ЕУ, пренесува агенцијата Бета.

Најбогати граѓани се на Луксембург и Ирска, со 140 односно 112 отсто над просекот на ЕУ, а потоа следат Холанѓаните, Данците и Австријците. Французите се точно во средината, а позади, заедно со Грците и Бугарите, има и Литванци, Словаци и Хрвати.

Грција се опорави од кризата со намалување на огромните должнички трошоци од над 360 милијарди евра за десет години на сметка на јавните трошоци, платите и пензиите, а инфлацијата не стивнува. Цените на храната, горивото и киријата се особено високи, а трошоците за живот се уште се високи.

Економското закрепнување на Грција се случи на грбот на народот, велат незадоволните синдикати и левичарските економисти, но централно-десничарската влада на премиерот Киријакос Мицотакис рекламира одлични економски резултати и предвидува дека инфлацијата наскоро ќе падне и животниот стандард ќе започне да се издигнува.

„Грција се оддалечува од ЕУ веќе десет години, а во следната деценија ќе се приближи бидејќи ја врати довербата на инвеститорите“, вели главниот економски советник на премиерот Мицотакис, Алексис Пателис.

Тој укажува и на фактот дека светските рејтинг агенции ја отстраниле ознаката „гнила“ од грчките државни обврзници, додека британскиот неделник „Економист“ ја оцени грчката економија како „најнапредна во 2023 година“. Но, до кога грчкото население ќе треба да чека на ова „економско чудо“ да им користи на масите, а не само на акционерите, компаниите, банките и странските инвеститори. Грците сè уште паметат дека пред европската и светската финансиска криза во 2008 година живееле сосема пристојно, бидејќи пред тоа бруто домашниот производ по жител на Грција изнесувал 95 отсто од просекот на ЕУ.

Сепак, се чини дека нешто се движи бидејќи оваа година владата ја зголеми минималната загарантирана плата од 780 на 830 евра бруто, иако синдикатите укажуваат дека годишните плати во Грција се уште се 25 отсто под просекот на ЕУ, а пензиите дури и маргинално намалени.

Населението и понатаму страда од високите трошоци за живот, а според Централната банка на Грција, 27 отсто од Грците се уште живеат на прагот на сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП