2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Три пати ги менуваме цените во менијата“ – стана „изгор“ скапо да...

„Три пати ги менуваме цените во менијата“ – стана „изгор“ скапо да се јаде во ресторан

Во последните месеци, кафеаните во Македонија, особено тие во главниот град, се претворија во вистински луксузни места кои не може секој да си ги дозволи.

Цените на кафето и другите пијалаци се зголемија за 6% во март, во споредба со истиот период лани.

Оваа тенденција ги засегна и рестораните, каде цените на храната и услугите се највисоки од кога се започна со следење на инфлацијата.

„Инфлацијата си го прави своето. Ние сме принудени да ги зголемиме цените на нашите менија. Во последните две години, цените ги менуваме дури три пати. Не можеме да работиме со стари цени пред овие економски предизвици”, ни изјави сопственик на ресторан во Скопје.

Според економистите, ситуацијата со цените на угостителските услуги е комплексна.

„Инфлацијата и други фактори, како што се сировините и трошоците за работна сила, ќе продолжат да влијаат на цените. Во блиска иднина, можеме да очекуваме дополнителен раст на цените во кафаните, рестораните, па и во кафулињата. Со оваа нова реалност, потрошувачите треба да бидат свесни на измените во цените и да се прилагодат на новите услови. Луксузот во кафеаните и рестораните може да биде скап, но и да нуди посебно искуство за сите кои се подготвени да го платат“, коментираат експертите.

Тие ги појаснуваат причините за поскапувањето на угостителските услуги:

„Прво, недостиг на работна сила. Недостигот на квалификувана работна сила влијае на оперативните трошоци на рестораните и кафеаните. За да го задржат квалитетот на услугите, сопствениците се принудени да ги зголемат цените. Второ, покачени стандарди. Растењето на стандардите за хигиена, безбедност и квалитет на храната и услугите влијае на трошоците за рестораните. За да ги задоволат овие стандарди, сопствениците мораат повторно да ги зголемат цените. Трето и најважно, глобалната инфлација и растењето на цените на сировините влијаат на трошоците за рестораните и кафеаните. Оваа тенденција се одразува на крајните цени за потрошувачите“, велат експертите.
Инаку, угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0.2%, а во однос на март лани за 6%, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0.3% и злкохолни пијалаци за 0.1%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.2%.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП