2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC го бара спасот на други пазари

HTC го бара спасот на други пазари

htc tajvan

Поради се поголемите финансиски проблеми во кои се наоѓа компанијата, на „HTC“ очајно му е потребен успех. Едно од потенцијалните решенија би можело да биде ширењето на работата на пазарите на паметните часовници и таблети.

Извршниот директор на компанијата Питер Чоу најави дека компанијата навистина би можела да влезе на пазарот на паметните часовници и таблети.

А како што е познато, „HTC“ всушност во 2004-та година работеше на паметен часовник заедно со „Microsoft“.

Еден од членовите на бордот на директори на компанијата, Шер Ванг, во една прилика додаде дека кога ќе се појави таблетот на „HTC“, тој ќе биде „убав и опасен за конкуренцијата“.

По претставувањето на најновиот премиум уред, моделот „HTC One Max“, директорот за маркетинг на компанијата, Џеф Гордон, во соопштение ја објави стратегијата на „HTC“ за производството на паметните телефони.

„„HTC“ нема да направи брза транзиција и да стане производител на прифатливи смартфони. Натпреварувањето со „Huawei“, „ZTE“ и евентуално „Amazon“, за мал профит е загубена битка“, стои во соопштението.

Компанијата во идина ќе се обиде да се фокусира на премиум уредите, така да ќе создава конкуренција на „Samsung“ и „Apple“, кои во моментов се водечки производители на смартфони во светот.

Иако ова може да изгледа како многу амбициозен план, во наредниот период ќе биде интересно да се види што се има „HTC“ во ракавот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП