2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTribeca заминува во историјата

Tribeca заминува во историјата

tribeca

Најголемиот „Subaru SUV“ ќе престане да се произведува во јануари 2014-та година. Наместо моделот „Tribeca“, јапонскиот производител планира сосема ново возило во тој автомобилски сегмент.

„Subaru Tribeca“ беше претставен во 2005-та година, а во текот на овие осум години беа продадени само 78.000 возила. Со оглед на лошите продажни резултати, укинувањето на овој модел не претставува изненадување.

Првата верзија имаше необичен изглед на предниот дел од возилото и маската на ладилникот, па веќе во 2007-та беше редизајнирано. И покрај естетските промени и воведувањето на помоќни агрегати, продажбата значајно не се подобри, па прекинувањето на производството беше неизбежно.

„Tribeca“ ќе се произведува до јануари 2014-та во фабриката во Индијана во САД, а предвидено е последните примероци да им бидат испорачани на купувачите во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП