30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто Алклоид АД Скопје е еден од најпосакуваните работодавци во Македонија?

Зошто Алклоид АД Скопје е еден од најпосакуваните работодавци во Македонија?

Алкалоид АД Скопје е компанија во Македонија која веќе со децении покажува дека е еден од најпосакуваните работодавци и која безусловно се грижи за своите вработени.

Една од нашите најуспешни компании брои 2.155 вработени во земјата и 688 вработени надвор од Македонија.

Алкалоид на годишно ниво алоцира значајни ресурси во разни бенефиции наменети за вработените во форма на финансиски надоместоци, интерни и екстерни обуки, доедукација, дополнително здравствено осигурување, грижа за најмладите во семејствата и слично. Можностите за развој на професионалната кариера во компанијата се големи.

Согласно економските показатели и инфлацијата, на секој вработен му следува пораст на платата. Редовно се врши наградување за лојалност. Исплатата на регрес за годишен одмор е на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечието. Тука е и новогодишниот линеарен надоместок за секој вработен.

Компанијата пред неколку години воведе и бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за вон школски активности на децата. Сите успешно завршени интерни проекти дополнително се плаќаат.

Можностите за развој на професионалната кариера во компанијата се големи. Компанијата има годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените. Тука е и тренинг центарот со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје.

Алкалоид има обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи за секој вработен и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените. Има организиран превоз за дел од вработените.

Компанијата обезбедува најсовремени мерки за заштита и безбедност на здравјето на вработените и континуирано инвестира.

Редовно се мери задоволството на вработените и се имплементираат побараните предлог мерки од истото. За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики.

За секое новороденче на вработен од компанијата следуваат подароци. Тука неизбежни се и новогодишните пакетчиња за децата на вработените.

Вработените можат бесплатно да користат спортски сали во одредени термини.




НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП