3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионален (НЕ)рамномерен развој!

Регионален (НЕ)рамномерен развој!

Центарот за економски анализи спроведе истражување за поврзаноста на фискалната децентрализација и рамномерниот регионален развој. Во анализата може да се види дека тие се тесно поврзани инструменти и затоа политиките кои се носат во овие области треба да се знае дека на двете полиња има предизвиоци од кои зависат или ќе се соочат двете страни.

Од ЦЕА велат дека анализата има за цел да го пополни јазот во истражувања кои ги засегаат и регионалниот развој и децентрализацијата заедно бидејќи тие не дејствуваат одвоено и имаат меѓусебно влијание. Ова е важно за оние кои носат политики да знаат дека во втората генерација на законски решенија и носење на политики за фискалната децентрализација тие политики и законски решенија не можат да ги подвојат овие два инструменти како засебни за постигнување на национални цели.

Прво што може да се констатира е дека во земјава има релативно високата нерамномерност во регионалниот развој, уште повеќе загрижува тоа што таа нерамномерност, мерено преку коефициентот на варијација на БДП по глава на жител за регионите, се зголемува во периодот од 2011 година до 2021 година. Загрижува фактот што иако Македонија има воспоставена стратешка и нормативна рамка и институционална поставеност тоа сепак не обезбедува напредок во однос на спроведувањето на политиките и не придонесува кон ефективно намалување на диспаритетите во и помеѓу планските региони и нивна соодветна демографска, економска, социјална и просторна кохезија.

„Наодите покажуваат на пример дека повисока густина на ЕЛС во регионите влијае на зголемување на нееднаквоста на регионите во просек од 2%-7%. Од нашата анализа заклучуваме дека погусто населени региони и оние каде работната сила има поголема активност на пазарот на работна сила имаат поспора конвергенција. Од друга страна, поголема урбанизација го придвижува економскиот раст на регионите“, велат од Ценатрот за економски анализи.

Во анализата се додава дека понеразвиените региони се оставени зад развојот на поразвиените региони поради ефектот на миграции кон урбани центри и емиграцијата. Магнетната привлечност на поразвиените региони, со акцент на Скопскиот плански регион ги влошува разликите во споредба со секундарните помалку-развиени-региони. Креаторите на ова истражување напоменуваат дека влијанијата доаѓаат поради привлекувањето на луѓето кон примарните центри на раст на продуктивноста и повисоки заработки оставајќи ги понеразвиените секундарни региони без фактори на производство и без потенцијал. Затоа потребно е да се даде можност за зголемување на потенцијалите на секундарните региони за да може да се зголеми нивната атрактивност и конкурентност.

„Во РСМ, намалувањето на бројот на жители за 1% кај регионите води во просек до 2% зголемена нееднаквост кај планските региони (мерена како пондериран коенфициентот на варијација или како ЏИНИ коефициент). 1% зголемени приходи кај ЕЛС се корелирани со 7% до 7.6% намалување на нееднаквоста на регионите но ако водиме сметка и за бројот на население во регионите тогаш влијанието, по глава на жител, може да биде и до 12.6% во намалување на нееднаквоста на БДП по глава на жител за планските региони. Значи демографските движења имаат високи ефекти во рамномерноста на развојот кај регионите. Прибирање на сопствени приходи кај ЕЛС е добар индикатор за тоа до каде може да се очекуваат приходи од даночната база за локалната власт но имплицитно е и индикатор за нивото на ограничениот економски потенцијал на посиромашните региони каде има релативно повисок даночен напор кај ЕЛС. Во тој случај централната власт треба да работи на зголемување на економскиот потенцијал на понеразвиените региони за тие да може да конвергираат кон долгорочната стабилна состојба на поразвиените региони“, се наведува во анализата.

Според истражувањето ако доброто управување го мериме преку буџетската реализација кај општините, односно реализираните приходи споредено со планирани приходи, ефектот е таков да повисока буџетска реализација кај локалните самоуправи е корелирана со зголемување на степенот на нееднаквост кај регионите. Овој наод мора да се гледа барем од три аспекта. А тоа се прво, буџетската реализација овде е на вкупните приходи на ЕЛС кои во просек во државата се со ниска фискална автономија па влијанието на трансферите е такво да тие можеби влијаат кон зголемување на нееднаквоста на регионите. Второ, оние примарни региони каде општините имаат доволно економска моќ ги оставаат зад себе оние секундарни региони каде тие имаат помалку атрактивна економска привлечност. И трето, во буџетската реализација е со ограничена моќ за да биде корелирана со повисока развиеност бидејќи ефектот од економската атрактивност на помалку развиените региони е со повисок негативен ефект од можноста за позитивен ефект дури и при полна буџетска реализација на локалните самоуправи, бидејќи секундарните региони имаат понизок економски потенцијал. Затоа, фокусот на политиките треба да биде повеќе кон економски развој на регионите отколку кон економски раст на регионите.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП