2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПустинскиот песок ни ги извалка прозорците, но дали ни ја уништи храната?

Пустинскиот песок ни ги извалка прозорците, но дали ни ја уништи храната?

Пустинскиот песок од Сахара деновиве пристигна во Македонија во вид на песочна бура. Но, дали оваа природна појава е опасна за нашето здравје?

Лекарите објаснуваат дека, иако песокот може да изгледа впечатливо и да ни ги извалка автомобилите и прозорците, тој не претставува директна опасност по нашето здравје.

„Евидентно е дека песокот од Сахара се транспортира на големи растојанија, иако најголемата пустина на земјата е оддалечена илјадници километри. За време на песочните бури, песокот се спушта на земјата и се таложи на површините. Загадувањето на воздухот од песокот не е безбедно, но не е директно опасно за здравјето. Важно е да се преземат соодветни мерки, како што се носење на маски и избегнување на долго изложување на отворено. Исто така, ранливите групи, како што се децата, старите лица и лицата со хронични болести, треба да бидат особено внимателни“, посочуваат лекарите.

Земјоделците се веќе навикнати на оваа појава која најчесто се случува во пролетните месеци, а експертите објаснуваат дека нема никакви негативни ефекти врз растителното производство.

„Нормална појава, ништо страшно. Можеби е малку чудно тоа што оваа година сахарскиот песок пристигна малку порано и во многу поголеми количини, но и на тоа ќе се навикнеме во иднина. Песокот не ги оштетува овошките и зеленчуците и нема никакво негативно влијание врз целокупното растително производство. Слободно јадете овошје и зеленчул, но секако, претходно добро измијте ги плодовите“, коментираат експертите.

Метеоролозите, пак, со коишто разговаравме на оваа тема, посочуваат дека во последно време сè почесто сме сведоци на вакви појави кои репризно ќе ни се повторуваат во текот на пролетта.

„Сахарскиот песок може да патува илјадници километри. Засега немаме податоци дали транспортот на сахарски песок ќе стане почест при идните климатски промени и дали ќе доаѓа почесто во нашиот регион, но сигурни сме дека со оваа појава ќе се соочиме уште неколку пати во текот на пролетта“, коментираат метеоролозите.

Во секој случај, песокот од Сахара е природен феномен кој, иако може да предизвика непријатности, не треба да предизвика паника. Заштитата на здравјето е важна, но не треба да се преувеличува ризикот од песокот.

Како се формираат песочните бури?

Песочните бури се многу чуден феномен што се јавува во суви и полусуви области ширум светот, особено во Сахара.

Овие бури се карактеризираат со присуство на силни ветрови кои носат песок и прашина од сувата површина. Честичките се пренесуваат со салтација и суспензија, предизвикувајќи ерозија на почвата на едно место и таложење на друго место.

За да се формира песочна бура, системот за низок притисок треба да биде близу до оној со висок притисок. Првиот ќе има ниска температура, додека другиот ќе биде топол.

Овој термички контраст и други својства на влажните воздушни маси потекнуваат развој на растечки и опаѓачки движења, создавајќи ефекти како обилни дождови, ветрови и електрични празнења.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП