30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот германски продавач на спортски производи планира големо проширување

Најголемиот германски продавач на спортски производи планира големо проширување

Најголемиот германски спортски трговец на мало, „Intersport Deutschland“, го планира своето најголемо проширување од падот на Берлинскиот ѕид, финансирајќи ги продавниците од тули и малтер во ерата на е-трговија, пишува „Financial Times“.

Групацијата со седиште во Хајлброн сака да ги зголеми своите продавници во земјата за 100 во следните шест години, насочени кон градовите со средна големина каде што нема присуство. Ова ќе го зголеми бројот на нејзините продавници во земјата на 500, или речиси четвртина од сите.

Главниот извршен директор Александар фон Преен изјави за „FТ“ дека групата е уверена дека ќе има „физичка малопродажна ренесанса“ како резултат на зголемениот интерес на луѓето за спортот.

„Луѓето се повеќе се фокусираат на своето здравје и кондиција“, вели Фон Преен, кој предвидува дека германскиот пазар на спортска облека ќе порасне за речиси 50% до повеќе од 19 милијарди евра до 2030-та година. „Intersport“ контролира една третина од пазарот, посочува компанијата.

Според Фон Преен, бидејќи многу стоковни куќи и трговци на спортски производи се затворени во последниве години, сега има „вакум“ на продавници за физички спортски производи. Тој додава дека проширувањето е најголемото што го презела групата откако се етаблира како име во Источна Германија во раните 1990-ти.

Основана во 1956-та година, „Intersport Deutschland“ работи како задруга со 200 независни дилери за спортска стока како членови, сите кои работат под нејзиното име. Дополнително, снабдува 500 независни трговци кои работат под свои имиња.

Германската групација е најголемата членка на швајцарската „Intersport International Corporation“, која работи во 42 земји и е една од водечките европски продавачи на спортски производи со приходи од 13,7 милијарди во евра минатата година.

„Intersport Deutschland“ објави 5,7% зголемување на продажбата минатата година на 3,5 милијарди евра. Онлајн продажбата се зголеми за 21% минатата година, иако почнувајќи од „ниска основа“, вели Фонд Преен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП