Од денеска започна со работа новата бензинската станица на „Макпетрол“, што се наоѓа на автопатот „Пријателство“, на правецот Демир Капија – Гевгелија, односно кај населеното место Мрзенци. Новиот објект, изграден според највисоките технички и безбедносни стандарди, ќе работи 24 часа, седум дена во неделата. Со оваа инвестиција, компанијата продолжува со проширување и со подобрување, како на понудата, така и на услугите за потрошувачите.

На современата бензинска станица на автопатот кон Грција се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Се работи за нова генерација на овие горива што е базирана на Dual Action Technology. На бензинската станица потрошувачите можат да купат горива од 95 и од 100 октани, дизел, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Гасот за моторни возила ЦНГ (метан) нема да биде достапен на оваа локација. Во продажниот објект на бензинската станица, пак, има широк избор на производи од дополнителниот асортиман.


