13 октомври, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГрција ги затвори граничните премини со Македонија, штрајкува грчката царина

Грција ги затвори граничните премини со Македонија, штрајкува грчката царина

Поради штрајк на грчката царина се затвораат граничните премини со Македонија.

Почувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје.

На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки.

Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП