1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОвој електричен автомобил се полни за 5 минути (ФОТО)

Овој електричен автомобил се полни за 5 минути (ФОТО)

Системот „Nio 900V EDS“ поставува нов стандард во индустријата и веќе е достапен во сериско производство.

Кинескиот производител на електрични возила „Nio“ го откри доаѓањето на својот најнов инженерски подвиг, „900V Electric Drive System“ (EDS).

Наречен „Thunder“, овој иновативен систем поставува нови стандарди во индустријата за електрични возила со способност да „дополни“ повеќе од 255 km досег за само пет минути брзо полнење.

„Nio 900V EDS“ не само што поставува нов стандард во индустријата, туку е и првиот таков систем достапен во сериско производство.

Премиум моделот „Nio ET9“ ќе биде првото возило опремено со новиот „900V EDS“ систем.

Должината на „ET9“ е 5.325 mm, ширината е 2.016 mm, додека висината е 1.620 mm, а „Nio“ посвети посебно внимание на удобноста и безбедноста, обезбедувајќи напредна технологија во секој детал, велат од компанијата.

Со новиот „EDS“, „ET9“ ќе постави нови стандарди во однос на перформансите и брзината на полнење, со идеја да се позиционира на пазарот како конкурент на премиум автомобилите од „Porsche“, „BMW“ и „Mercedes“.

„Nio“ веќе ја отвори книгата за нарачки за „ET9“ во Кина, која започнува од 112.000 долари (800.000 јуани) во таа земја. Испораките треба да започнат во првиот квартал на 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП