Компанијата за спортски чевли „Skechers“ даде прогноза за профитот и продажбата под очекувањата на аналитичарите бидејќи забавувањето на трговијата на големо го засени растот на приходите на мало, пишува „Bloomberg“.
Приходите од продажба директно на потрошувачите се зголемија за 20% во четвртиот квартал од 2023-та година на годишно ниво, но продажбата на големо падна за 8,3% поради конзервативниот пристап на трговците на мало кон залихите, се вели во соопштението на компанијата.
Во 2023-та година, „Skechers“ отвори вкупно 631 продавница, промовирајќи директна продажба до потрошувачите и одржува планови да достигне 10 милијарди долари во продажба до 2026-та година.
Продажбата на „Skechers“ во азиско-пацифичкиот регион порасна за 15% на годишно ниво во последниот квартал благодарение на двоцифрениот раст во Кина. Во Северна и Јужна Америка, продажбата на компанијата се зголеми за 3%, додека во Европа, Блискиот Исток и Африка – намалување од 7%.
„Skechers“ предвидува капитални расходи од 350 до 400 милиони долари за годината, вклучително и изградба на втор дистрибутивен центар во Кина.
Акциите на „Skechers“ беа со најлоши перформанси на индексот „Russell 3000“ и паднаа за 8,8% во тргувањето по работното време во Њујорк. Компанијата за атлетски обувки забележа раст на цената на акциите за 2,3% оваа година на затворањето на редовното тргување во четвртокот.