Четвртиот градски триатлон – спринт дистанца „Стопанска Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во спортскиот центар „Борис Трајковски”. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски”, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.
Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.
– И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат, а тоа се 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-одговорни компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг – вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје. Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерацијата на Северна Македонија. Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број учесници.
500м трчање; – Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; – Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; – Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; – Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање. Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.
„Триоги Рејсинг“ – Скопје е најтрофејниот триатлон клуб во Македонија. Постои 6 години, има повеќе од 100 члена и 100-ци медали освоени на домашни и на меѓународни натпревари. Ние вложуваме најмногу во развојот на овој спорт кај децата, затоа што сметаме дека само така ќе имаме здрава младина.
Стопанска лизинг АД – Скопје е новоотворена лизинг компанија на македонскиот пазар со широка понуда на финансиски и оперативен лизинг за корпоративниот и граѓанскиот сектор. Поддршката на Триатлонот во Скопје е уникатна можност да се делува директно во развојот на овој актуелен спорт и во градење на нови спортски традиции за Градот и државата.