22 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВо Унгарија започна производството на Аudi A3 Cabrio

Во Унгарија започна производството на Аudi A3 Cabrio

audi cabriolet

Исто како и моделот „A3 Sedan“, и „Cabriolet“ засега ќе се изработува само во фабриката во Ѓер, а во 2015-та производството ќе се прошири во Кина и Бразил.

Паралелно со почетокот на производството, „Audi“ започна да ги прима и нарачките на купувачите за новиот модел, а првите испораки се очекуваат за пролетта 2014-та. Првата генерација на „Audi A3 Cabriolet“ се произведуваше од 2007-та до 2013-та во Унгарија и Германија, а во тој период од производните летни излегоа околу 63.000 автомобили.

„Audi“ има во план вкупното годишно производство во погоните во Унгарија да достигне 125.000 возила, а покрај „A3 Cabriolet“ и „Sedan“, во оваа фабрика се изработуваат и „Audi TT Coupe“ и „Audi TT Roadster“. Покрај автомобилите во Ѓер се произведуваат и мотори за многу од моделите на „Audi“, а германскиот производител вложи околу 900 милиони евра во оваа фабрика.

audi cabrio

„Audi A3 Cabriolet“ имаше премиера на авто-саемот во Франкфурт во септември 2013-та. Во понудата на мотори се вклучени два бензински 1.4 l TSI со 140 ks (103 kW) и 1.8 l TSI, кој произведува 180 ks (132 kW). Дизел верзијата е 2.0 l TDI која развива 150 ks (110 kW).

На овие мотори подоцна ќе им се придружи и 1.6 l TDI со 110 ks (81 kW), како и 2.0 TFSI со 300 ks (221 kW), кој ќе се наоѓа под хаубата на најмоќниот „S3 Cabriolet“.

Новиот „Audi A3 Cabriolet“ ќе чини од 31.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар