27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на „Sinsay“ планира големо проширување на мрежата на продавници

Сопственикот на „Sinsay“ планира големо проширување на мрежата на продавници

Полската модна групација „LPP“ во средата соопшти дека планира да го удвои бројот на своите продавници во следните три години, главно во поевтиниот бренд „Sinsay“, пренесува „Reuters“.

„LPP“, која тргува во 39 земји, сака да има 4.755 продавници во 2026-та година, вклучувајќи ги и 3.248 продавници на „Sinsay“, се вели во презентацијата. Компанијата ги поседува и брендовите „Reserved“, „Mohito“, „Cropp“ и „House“.

Ќе се фокусира на јужна и централна Европа, вели „LPP“ во својот годишен извештај, додавајќи дека растот во Западна Европа ќе биде конзервативен.

„Само во следните три години, планираме да ја удвоиме нашата мрежа од продавници и во меѓувреме да генерираме двојно поголем обем на продажба од денешниот“, рече извршниот директор Марек Пиехотски во писмото до акционерите.

Акциите на компанијата со седиште во Гдањск паднаа претходно во март, откако извештајот на „Hindenburg Research“ фрли сомнеж за продажбата на нејзиниот руски бизнис.

„LPP“ ги негираше наводите дека ја задржала контролата врз бизнисот и рече дека нема оперативни или комерцијални активности во Русија откако го продаде бизнисот во јуни 2022-ра година.

Пиехотски увери дека обвинувањата против Групацијата „LPP“ се лажни.

Компанијата соопшти дека нејзиниот приход во 2023-та година се зголемил за 9,3 отсто на 17,41 милијарди злоти (4,38 милијарди долари), во согласност со податоците објавени минатата недела.

Групата, исто така, ја потврди својата цел за приходи од околу 21 милијарда злоти за 2024-та година, со планови за отворање на 620 продавници на „Sinsay“ во 2024-та година и над 850 продавници во 2025-та година, влегувајќи во помалите градови.

Компанијата соопшти дека отворањето на нови продавници оваа година е на добар пат и ќе се забрза во втората половина од годината. Споредливите продажби на „Sinsay“ во продавниците од 1-ви февруари до 25-ти март се зголемија за 26% на годишно ниво.

За поддршка на растот, „LPP“ планира да го зголеми својот логистички простор за речиси 50% во 2024-2025 година.

Дополнително, компанијата предлага дивиденда од 610 злоти по акција, за разлика од претходните понуди од најмалку 570 злоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП