3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia ги откри спецификациите на новиот смартфон

Nokia ги откри спецификациите на новиот смартфон

Online-Digital

Следниот паметен телефон на „Nokia“ ќе се нарекува „Lumia 1520“ и всушност ќе има голем 6 -инчен дисплеј. Иако датумот на претставувањето на уредот се уште не е потврден, а се очекува тоа да се случи утре, официјалната онлајн продавница на „Nokia“ во Кина веќе откри дел од неговите спецификации.

6 -инчниот смартфон ќе го користи „Windows Phone 8“ за својот оперативен систем. Овој уред ќе има на располагање прилично сериозен хардвер како „Qualcomm Snapdragon 800“.

Смартфонот ќе е опремен со 20 MP камера „PureView“ со веќе сите познати технологии. Онлајн продавницата не ја откри фотографии од телефонот, како и останатите спецификации, но за сметка на тоа позната е цената на овој смартфон која ќе изнесува околу 820 долари.

Освен „Lumia 1520“ утре во Абу Даби се очекува „Nokia“ да претстави и нов таблет. Според гласините тој ќе користи „Windows RT“ за оперативен систем и ќе биде со големина на екран 10,1 инчи .

Кон двата уреди веројатно ќе биде понуден и спектар на различни додатоци. Меѓу нив се безжични тастатури и „Docking“ станица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП