27 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАФилипче: Нашите доктори работат по врвни методи и реализираат современи операции

Филипче: Нашите доктори работат по врвни методи и реализираат современи операции

Венко Филипче во своето ТВ гостување во 360 степени, посочи дека има уште многу предизвици во здравството и потребно е да се направат уште многу промени, но дека услугата и методите кои ги користат нашите лекари се на високо ниво.

Тој рече дека и покрај сите предизвици, во државата се изведуваат најсовремени хируршки интервенции со најнови методи. 

„Морам да потенциран дека и покрај тоа што условите се такви какви што се во Клиничкиот центар, апсолутно има лекари, колеги мои, коишто и благодарение од поддршката тогаш од Министерството за здравство и благодарение на својата експертиза и едукација, даваат врвна медицинска услуга. Со нови методи се извршени огромен број на успешни интервенции, во коишто, морам да потенцирам бидејќи е тоа факт, голема улога има и СДСМ со инвестициите и политиките коишто ги спроведе министерството“ – истакна Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП