27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕкспозитурата на Шпаркасе Банка во Куманово на нова адреса

Експозитурата на Шпаркасе Банка во Куманово на нова адреса

Од денеска, во Куманово, експозитурата на Шпаркасе Банка започнува со работа на нова локација.

Новата локација на експозитурата Куманово е на адреса ул. Доне Божинов бр. 9, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка, ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски сервиси.

За време на официјалното отварање на Новата експозитура, дел од менаџментот на Шпаркасе Банка ја повтори цврстата посветеност и стремежот Шпаркасе Банка да биде водечка Банка по исклучителен квалитет на услугите, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, истовремено поддржувајќи го развојот на локалните заедници.

Просторот на новата експозитура е во согласност со корпоративниот дизајн на Банката, опремен со еколошко одржливи материјали за одржливост и заштита на животната средина, и збогатен со сите стандарди за комфорно и безбедно работење.

Шпаркасе Банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.

Продажната мрежа на Шпаркасе Банка брои 36 експозитури на територијата на Македонија, од кои 17 се лоцирани во Скопје и 19 надвор од главниот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП