4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРусите брутално ги мачеле уапсените за масакрот, а потоа ја објавиле снимката...

Русите брутално ги мачеле уапсените за масакрот, а потоа ја објавиле снимката во јавноста

Судејќи по првото судско појавување на четворицата осомничени од Русија за масакрот во концертната сала, како и снимките кои се појавија, руските безбедносни сили ги мачеле.

Тројца осомничени терористи вчера беа изведени пред судот во Москва, додека четвртиот беше влечен во инвалидска количка. Сите се обвинети за тероризам.

Терористичката група Исламска држава соопшти дека го извршила нападот во петокот во концертната сала на градското собрание Крокус и објавила вознемирувачка видео снимка од внатрешноста на салата, на која се гледа како терористите пукаат врз цивили. Неколку руски официјални лица без никакви докази тврдат дека Украина била вмешана во нападот, додека Киев вели дека тврдењето е „апсурдно“.

Руските власти ги идентификуваа четворицата напаѓачи како Далерјон Мирзоев, Саидакрај Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов. На видеото се гледа како маскирани полицајци ги носат пред Окружниот суд Басмани во руската престолнина.

Руските безбедносни сили очигледно ги претепале и мачеле четворицата напаѓачи. На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки снимки кои, според Би-Би-Си, очигледно биле објавени од безбедносните сили. На снимката се гледаат брутални испрашувања. На едно видео се гледа како на еден од напаѓачите му го ставаат во устата увото кое штотуку му било отсечено, а Би-Би-Си јавува дека некои снимки сугерираат дека најмалку еден од напаѓачите претрпел струен удар.

Лицата идентификувани од судот како Мирзојев и Рачабализода имаа црни дамки на лицето, а овој има завој над главата во пределот на увото. Се шпекулира дека станува збор за напаѓачот на кому Русите при сослушување му го отсекле увото.

Покрај тоа, на Мирзојев околу вратот му беше завиткана искината најлонска кеса, што навестува тортура со задушување, но и желба на руските власти да и покажат на јавноста дека ги мачеле напаѓачите кои го извршија смртоносниот напад на концертната сала.

Лицето на мажот идентификуван како Фаридуни беше тешко отечено, а човекот по име Фајзов, кој беше донесен на суд во инвалидска количка облечен во болничка наметка, ја губеше свеста. Се чини дека му недостасува око, според новинската агенција Ројтерс.

Во соопштението на судот се наведува дека Мирзојев „целосно ја признал вината“, а Рачабализода се наведува дека „ја признал вината“. Мажите се идентификувани како државјани на Таџикистан, објави руската државна новинска агенција Тас.

Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, додаваат од судот.

Четворица вооружени напаѓачи упаднаа во градското собрание Крокус во Красногорск, северно предградие на Москва, во петокот вечерта и отворија оган врз цивили кои присуствуваа на рок концерт. Во моментот на нападот во салата имало околу 6.000 луѓе. Напаѓачите подметнале и пожари кои ја зафатиле салата и предизвикале уривање на покривот.

Руските власти соопштија дека загинале 137 лица, а повеќе од 100 се повредени. Мажите кои се појавија на суд синоќа се уапсени во областа Бријанск околу 2 часа по нападот, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Брјанск е на околу 400 километри југозападно од Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП