5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТУапсени 11 осомничени за терористичкиот напад во Москва

Уапсени 11 осомничени за терористичкиот напад во Москва

Шефот на ФСБ му пријавил на Путин дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и сите четворица терористи кои директно учествувале во терористичкиот напад во Крокус.

Како што е соопштено од ФСБ, службениците за спроведување на законот во моментов ги идентификуваат можните соработници.

Се огласи и градоначалникот на Москва

„Заедно со Московскиот регион ќе обезбедиме поддршка на жртвите од трагедијата во Градското собрание Крокус. Ќе платиме паричен надомест на жртвите од 500 илјади до три милиони рубли. Москва ќе обезбеди финансиска поддршка на московјаните“, напиша Сергеј Собјанин на Телеграм.

Тој додаде дека Москва ќе ја преземе организацијата на погребите на загинатите и изрази сочувство до роднините и најблиските на жртвите.

За потсетување, Рускиот истражен комитет утринава соопшти дека во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 60 лица, а 145 се повредени, а се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

Во болниците се задржани 107 лица, од кои околу 60 се во тешка состојба. Меѓу хоспитализираните има и неколку деца – најнови податоци на Министерството за здравство, пренесува ТАСС утринава.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјави дека главната работа за пружање итна помош за жртвите од терористичкиот напад е завршена во текот на ноќта и дека лекарите сега ја стабилизираат состојбата на пациентите и продолжуваат да работат со оние чија состојба се оценува како најтешка.

На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии од излетаниот автомобил со кој терористите се обиделе да побегнат од местото на настанот, а на една од фотографиите се гледа лице кое е осомничено дека учествувало во нападот во Москва.

Нападот се случи вчеравечер во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднаа во „Крокус сити хол“, каде во тој момент, меѓу другото, се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП