8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПукање и експлозии во Москва! Напаѓачите упаднаа во концертната сала, повеќе од...

Пукање и експлозии во Москва! Напаѓачите упаднаа во концертната сала, повеќе од 40 мртви(ВИДЕО)

Руската служба за безбедност (ФСБ) во петокот објави дека најмалку 40 лица загинале, а над 100 луѓе се ранети во терористички напад во московскиот комплекс „Крокус“.

Како што јави агенцијата Интерфакс, група од пет лица учествувала во пукањето и експлозијата во концертното место „Крокус“.

Се верува дека групата носела маскирна облека и е вооружена со автоматско оружје, според извештајот на Интерфакс.

Во друг извештај на државната новинска агенција ТАСС се вели дека сè уште има луѓе во запалената зграда.

Британски Гардијан пишува дека се работи за терористички напад каков што со години не е виден во Русија. Оттаму додаваат дека напаѓачите на концертната сала биле облечени во воени униформи.

Како што јави дописникот на Би-Би-Си од Москва, вечерва во салата Крокс требаше да се одржи поп концерт. Напаѓачите влегле во фоајето на преполната сала и отвориле оган врз цивилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП