5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во јануари 39 542 денари, најплатени програмерите

Просечната плата во јануари 39 542 денари, најплатени програмерите

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2024 година изнесува 39 542 денари.

Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава. Просечната плата во септември изнесувала нешто повеќе од 1.500 евра или просечни 93 684 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ пет најплатени професии се “Складирање и помошни дејности во превозот”, кои во октомври земале во просек 77 964 денари нето плата. Следуваат вработените во “Останати стручни, научни и технички дејности” со 62 561 денари за јануари 2024, па вработените во “Воздухопловен транспорт” со 61 488 денари и последни од топ пет се вработените во “Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати” со 58 848 денари нето плата.

На другата страна пак од скалилото, најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во септември добиле во просек по 21.306 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава пораснала за 16,5 проценти во однос на јануари лани.

Според статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.8%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19.1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10.9%), Преработувачка индустрија (4.9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП