2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW кое ќе те „кодоши“ кај татко ти!

BMW кое ќе те „кодоши“ кај татко ти!

kerka

Конечно ќе може да се исполни сонот на секој татко – неговата ќерка да почне да излегува (да се бакнува) со момчиња, кога ќе наполни 40 години… Татковци, контролата е возможна!

Технологијата може да им помогне на татковците, но што ќе кажат ќерките за тоа?

На пример, млад пар се враќа дома по вечерното излегување. Стојат пред куќата на девојката и се подготвуваат за романтичен бакнеж. Меѓутоа, сребреното „BMW“ ги слика и го испраќа доказот на смартфонот на нејзиниот татко!

Кратка, но исклучително ефектна реклама за апликацијата на „BMW“ за паметните телефони, „ConnectedDrive“.

Индустрискиот гигант се надева дека сопствениците ќе ја користат оваа апликација, а очигледно е дека таа овозможува ракување на скоро сите електрични додатоци во автомобилот.

На располагање се различни „wireless“ акции, од тоа дека можете да затрубите од балконот, до загревањето пред стартувањето на возилото во ладните утра. Нормално, тука е и можноста која е прикажана во самата реклама.

Исто така апликацијата ќе го пронајде автомобилот по пат на „Google Local Search“ или прецизно ќе го лоцира кога ќе заборавите каде сте го паркирале. Останатото е имагинација на корисникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП