30 април, 2024
ПочетнаСВЕТКолку време им требало на сегашните членки да влезат во ЕУ?

Колку време им требало на сегашните членки да влезат во ЕУ?

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска и утре ќе се соберат во Брисел на редовниот пролетен состанок на самитот каде меѓу другото ќе се одлучува за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина врз основа на препораката на Европската Комисијата (ЕК).

Шефовите на држави и влади на земјите-членки ќе одлучуваат за почеток на преговорите со Босна и Херцеговина врз основа на препораката на Европската комисија, која минатата недела објави извештај во кој заклучи дека БиХ доволно ги исполнува условите за почеток на долгиот пат до членството во Европската Унија.

На состанокот во декември 2023 година, лидерите на земјите од ЕУ дадоа „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, откако тие земји ги презедоа важните чекори наведени во извештајот за проширувањето на ЕК од 8 ноември 2023 година. Лидерите потоа изразија подготвеност да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина кога критериумите за членство ќе бидат исполнети до потребната мера.

Босна и Херцеговина аплицираше за членство во ЕУ во февруари 2016 година, а кандидатски статус и беше доделен во декември 2022 година.

Но, колку време им требаше на сегашните членки да влезат во Европската унија?

Радио Слободна Европа објави графикон на сите земји кои моментално се во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП