Компанијата за луксузни часовници „Tag Heuer“ претстави нов луксузен телефон, кој ќе чини 5.300 долари.
Ова е трет модел на компанијата, откако во 2008-та тие ја започнаа линијата „Meridiist“. Втората генерација „Meridiist“ е потенка и помала во споредба со првата. Овој уред има екран од кристал, а времето се покажува на „OLED“ дисплеј.
Телефонот располага со 5 мегапикселна камера и има 8 GB меморија. Според информациите, батеријата може да издржи 28 дена со едно полнење. Телефонот оди и со услугата од 24-часовен посебен „customer support“, кој врши услуги, како на пример, прави резервации наместо вас, ви ги проверува летовите и друго.
Овој паметен телефон може да се нарача во различни бои и во три верзии – „Elegance“, „Jewelry“ и „Prestige“.