12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа основен живот во Македонија потребни се 58 998 денари

За основен живот во Македонија потребни се 58 998 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 58 998,00 денари, и споредена со месец февруари 2024 година е зголемена за 1 522 денари.

-Вредноста на минималната синдикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, велат од ССМ.

Најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари (21 219,00 денари) зголемени се за 1 462,00 денари, додека од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1 951,00 односно за 9,41%.

Растот на цените придонесува да се изгуби куповната моќ на рабтниците и граѓаните. Затоа, со новото зголемување на минимална плата од март 2024 година која според пресметките ќе изнесува околу 22.567,00 денари нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните, велат од ССМ.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, Синдикалната минимална кошница изнесува 74.373,00 денари.

ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандарт на работниците и граѓаните особено поради тоа што знавме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи.

Работниците и граѓаните ги повикуваме незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега, потенцираат од сојузот.

Ги повикуваме работниците и граѓаните да не планираат да заминат на туристички аранжмани за 1 мај, туку да планираат да дојдат на протести, заедно со ССМ, апелираат од ССМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП