28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот електричен „хот хеч“ на „Volkswagen“ има 326 ks! (ФОТО/ВИДЕО)

Првиот електричен „хот хеч“ на „Volkswagen“ има 326 ks! (ФОТО/ВИДЕО)

„ID.3 GTX Performance“ го доби најмоќниот електричен мотор кој германскиот производител досега го направил.

„Volkswagen“ конечно влезе во сегментот на електричниот „хот хеч“ со „ID.3 GTX“. Во основа, тоа е сестрински автомобил на моделот „Cupra Born VZ“, кој доаѓа во две верзии.

Станува збор за основниот „GTX“ и подобрениот „GTX Performance“ со најмоќниот електромотор што германскиот производител досега го направил.

Основниот модел користи електричен мотор со 286 ks (210 kW) и може да забрза до 100 km/h за 6,0 секунди. Моќта се испраќа до задните тркала.

За споредба, моментално најмоќниот „ID.3“, кој има 204 ks (150 kW), 0-100 km/h стигнува за 7,3 секунди.

„ID.3 GTX“ е дури и побрз од неодамна обновениот „Golf GTI“, кој има 266 ks (195 kW) и на кој му се потребни 6,2 секунди за да забрза од 0 до 100 km/h.

„VW“ вели дека електричниот мотор во „GTX“ е наместен да дава максимален потисок во рок од неколку милисекунди од моментот кога ќе го притиснете десниот педал, така што возачот најверојатно ќе се чувствува како да забрзува побрзо отколку што сугерираат бројките.

Вистинскиот скапоцен камен во круната е „ID.3 GTX Performance“, опремен со моќен електричен мотор од 326 ks (240 kW), кој ја движи и задната оска на автомобилот.

Времето на спринт до 100 е скратено на 5,6 секунди. Тоа значи дека најбрзиот „ID.3“ е побрз од едномоторниот „Tesla Model 3“ со еден електричен мотор, на кој му се потребни 6,1 секунди за да достигне 100 km/h.

„ID.3 GTX“ има електронски ограничена максимална брзина од 180 km/h, додека во верзијата „Performance“ границата е поставена на 200 km/h.

Двата модели се напојуваат од истата батерија од 79 kWh, за која се тврди дека обезбедува опсег од 600 километри и може да се полни со брзи полначи до 175 kW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП