27 април, 2024
ПочетнаСВЕТБелата куќа за прв пат се огласи по победата на Путин

Белата куќа за прв пат се огласи по победата на Путин

Реалноста е дека Владимир Путин е претседател на Русија и САД ќе дејствуваат врз основа на тоа, рече советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој во суштина стави крај на шпекулациите за можноста американската администрација да одбие да го признае легитимитетот на рускиот лидер по изборите.

-Реалноста е дека претседателот Путин е претседател на Русија. Моравме да дејствуваме во оваа реалност во текот на целата војна во Украина… И ќе продолжиме да дејствуваме во оваа реалност, но таа реалност не го менува фактот дека изборите не ги исполнија критериумите за слобода и демократија – рече тој на Брифинг во Белата куќа.

Претседателскиот портпарол Дмитриј Песков во понеделникот изјави дека Кремљ силно не се согласува со проценките на САД дека неодамнешните избори во Русија не биле слободни и фер.

Според Песков, ова не е мислење кое Русија е подготвена да го сослуша и тоа може да се нарече важно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП