3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКако да се добијат неопределените без фрлање лопати и сечење ленти?!

Како да се добијат неопределените без фрлање лопати и сечење ленти?!

Најголемата мака и натаму на граѓаните во земјава им се финансиите, а пак на компаниите бизнис климата. Нарушената куповна моќ секојдневно им создава главоболки на илјадници домаќинства, а од друга страна стгопанството се соочува со намалена активност на приватните компании. Тоа што би го посакувале и двете страни од исходот од претстојните избори може само да се препостави, за граѓаните подобар и поквалитететн живот, а за компаниите подобри услови за работење. Веќе два дена нема сечење ленти и промоција на проекти со кои треба да се соберат гласови во трката за добивање на извршната власт.

Колку денешните политичари умеат да ги придобијат граѓаните, а особено оние неутреалите? Ова е прашањето кое Денар го постави на експертот Бојан Кордалов, комуниколог и аналитичар кој добро ги познава состојбите со македонската политичка сцена, но од еден друг агол.

Тој вели дека во Македонија недостасуваат млади политичари кои ќе се одважат и самостојно ќе може да делуваат и да носат одлука со своја глава, колку таа и да треба да биде во согоасност со идеологијата на матичната партија. Во земјава политичкото додворување кон гласачите е заглавено во едно минато време, во кое ретко можеше да се стаса на пиадесталот ако нема кој да те форсира или местото во политиката да се плати преку финансисрање на партијата.

„Кај нас политичките партии повеќе ги мерат рејтинзите кои луѓето ги имаат веќе изградено од колку се работи заеднички со кандидатите години наназад за да тие се промовираат како потенцијални кандидати и кандидатки. Тоа е проблем на демократијата, бидејќи само оние кои што имаат пари, само оние кои што имаат спрега, само оние кои што имаат некакви можности можат да станат нешто, ако решат. На тој начин ќе може да влијаат на јавното мислење, и да се наметнат во партиите. Обратно, ние малку создаваме кадар, дали е тоа за претседател дали е тоа за министри, за премиери или градоначалници и пратеници. И затоа државата изгледа вака без континуитет, затоа се граѓаните незадоволни, и за разлика од другите држави ние немаме континуитат на водење на политики и многу често не знаеме како да се надоврземе на нешто што било пред неколку години, а камо ли нешто што било пред децении“, вели комуникологот Бојан Кордалов.

А од Државната комисија за спречување на корупцијата веќе ги посочија правилата за однесување на политичките партии во предизборие, а особено тоа важи за владата. Не смее да се случуваат вонредни исплати и најава на нови инвестиции. Има забрана за анонимни извори на средства за финансирање на партија или кампања. Строго забрането е поткупување на гласачи.

„Во периодот од 20 дена пред започнувањето на изборна кампања па до завршувањето на изборот на претседател на Република Северна Македонија, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и изборот на Владата на Република Северна Македонија согласно со резултатите од изборите не може:

– да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање;

– од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до нивно завршување согласно со резултатите од изборите, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста.“ наведуваат од ДКСК.

За граѓаните е проблематично тоа што времето за запознавање на идните носители на политиките, било тоа да се кандидати за претседатели, или пратенци е многу кратко. Додека во поразвиените држави каде и самото ниво на демократија е многу повисоко, таму идните можни функционери јавноста ги знае подолг период, односно тие преку свои активности многу порано комуницираат со граѓаните и ги претставуваат своите кампањи и планови за работа.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП