3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕУ попушти - ги олеснува еколошките услови за земјоделците

ЕУ попушти – ги олеснува еколошките услови за земјоделците

Во петокот, Европската комисија предложи значително олабавување на правилата за животна средина на заедничката земјоделска политика, откако земјоделците протестираа низ ЕУ во последните месеци.

Новите правила на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) за периодот од 2023 до 2027 година на земјоделците им наметнаа низа правила насочени кон заштита на природата и биодиверзитетот, без кои тие не можат да добијат субвенции од европскиот буџет.

Новиот предлог сега има за цел да омекне некои од тие услови, а некои да укине.

За предлозите многу брзо ќе расправа и Советот за земјоделство, на следната седница на 26 март. Промената на правилата мора да биде одобрена од Советот, односно земјите членки и Европскиот парламент.

„Целта е дополнително да се олесни административниот товар, да им се овозможи на земјоделците и земјите-членки поголема флексибилност во исполнувањето на одредени услови, без да се намалат амбициите за животната средина“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

„Испраќаме јасна порака дека земјоделската политика се прилагодува на променливата реалност, додека останува фокусирана на клучниот приоритет за заштита на животната средина и адаптација кон климатските промени“, додаде претседателката на Комисијата.

Комисијата, меѓу другото, предлага фармите помали од 10 хектари да бидат изземени од контроли и казни во однос на еколошките услови.

Околу 65 отсто од корисниците на европската земјоделска политика имаат помалку од 10 хектари, но тие сочинуваат само 9,6 отсто од вкупното обработливо земјиште во ЕУ.

Еден од условите против кој најмногу протестираа земјоделците беше најмалку четири отсто од обработливите површини да останат необработени или како непродуктивни површини (огради, насади, рибници сл.).

Според новите предлози, тој повеќе нема да биде задолжителен, па нема да има казнување за оние кои нема да го исполнат овој услов, но за возврат ќе бидат охрабрени оние што ќе го исполнат.

Се менува и обврската за засадување култура различна од претходната година на 35 отсто од обработливата површина. Сега, според новиот предлог, тоа би можело да се замени со диверзификација на земјоделските култури на таа површина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП