2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВака Нокиа го замислува паметниот часовник

Вака Нокиа го замислува паметниот часовник

noki sat

Исто како и другите гиганти на пазарот на мобилната телефонија и Нокиа го истражуваше пазарот на паметните рачни часовници, но во малку поинаков начин од конкуренцијата.

Неодамно патентираниот модуларен „smartwatch“ – „Facet“ е нешто што може да го здогледа светлото на денот и покрај ваквиот облик, но тоа не го прави помалку интересен од останатите.

Благодарејќи на тоа што „нараквицата“ се состои од повеќе одвоени сегменти, секој од нив може да се посвети на одредена функција или да ја проследи размената или спојувањето на содржините.

Ова нормално не значи дека Нокиа ќе развие сопствен паметен часовник, туку дека станува збор за помалку од стандарден истажувачки процес, кој би можел да се најде во продажба, исто како останатите концепти.

Нокиа со овој концепт се придружи на бројните други производители, како што се Сони и Самсунг кои веќе ги претставија своите паметни часовници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП