27 април, 2024
ПочетнаСВЕТПочина уште еден извршен директор на Лукоил од почетокот на инвазијата на...

Почина уште еден извршен директор на Лукоил од почетокот на инвазијата на Путин на Украина

Почина 54-годишниот Витали Робертус, потпретседател на Лукоил, соопшти руската нафтена компанија.

„Со длабоко жалење објавуваме дека потпретседателот Виталиј Владимирович Робертус ненадејно почина на 54-годишна возраст“, ​​се вели во соопштението за печатот, а пренесува руската новинска агенција Тасс.

Робертус почнал да работи во Лукоил веднаш по дипломирањето економија.

„Во својата 30-годишна работа во Лукоил ја стекна почитта од своите колеги не само во компанијата, туку и во целата индустрија. За успехот во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс доделени се бројни државни и ресорски награди“, се наведува во соопштението.

Виталиј Робертус е четвртиот извршен директор кој почина од почетокот на инвазијата на Путин на Украина и петтиот истакнат член поврзан со нафтениот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП